Македонија
27. October 2024 - 16:55
По Скопје Охрид е втор град привлечен за градежниците
По Скопје Охрид е втор град привлечен за градежниците.Станови никнуваат речиси на секое ќоше ,зголемената побарувачка драстично ја крена цената, но и апетитите на инвеститорите. Метар квадратен во Охрид се движи од 1200 до 3500 евра во зависно од локацијата.
Град како Охрид не смее да се гуши од премногу градби, особено од згради ,а дополнително издавањето на викенд становите одамна создава сива сезона, потенцира професорот Мариноски.
Градењето станови во Охрид треба да биде планирано и регулирано на начин кој ќе го зачува карактерот и уникатноста на градот, а во исто време ќе го подобри животниот стандард и економскиот развој.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->