Скопјанец осомничен за пукање од автоматски пиштол
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, кој неовластено во својот дом на улица „Божин Стојков“ држел огнено оружје кое на граѓаните им е забрането – автоматски пиштол „Шкорпион“ кој го набавил кон крајот на 2019 година, а на 2 ноември, на улицата „Цветан Димов“ во Скопје испукал неколку куршуми кон едно лице, притоа оштетувајќи три паркирани моторни возила.
– Бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, информираат од ОЈО.
Против лицето постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 став 2 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
-

Со месеци чекање за дијагноза, со саати за преглед - секоја година истите маки на онколошките пациенти
-

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ
-

Преглед на вестите од светот
