Македонија
8. October 2026 - 16:29

Нема простор за паника, но има потреба од внимателност по одложувањето на вакцинацијата со БСЖ

По одложувањето на БСЖ-вакцинацијата кај новороденчињата во Македонија, откако во Хрватска беа пријавени сомнителни случаи со воспаление на коските кај 4 деца, педијатрите смируваат дека нема простор за паника, но има потреба од внимателност. Досега кај нас нема регистрирано несакани реакции од оваа вакцина  како  што е ретката инфекција на коските. Од Клиниката за деца “Козле” велат дека нема потреба од дополнителни испитувања кај веќе имунизирани деца.