-->
-->
Сите информации за спортот во Република Македонија на едно место
-->
Агенцијата за млади и спорт го промовираше новиот лик на веб-сајтот - Информатички спортски систем (iss.mk), кој има за цел на пошироката јавност да и ги презентира сите информации поврзани со македонскиот спорт, спортските федерации и клубови, стручните лица, спортските објекти, спортските стипендии, награди и признанија кои ги доделува АМС, традиционалните спортски манифестации и сите активности кои ги презема оваа државна институција во делот на спортот.
Iss.mk е модерен електронски прозорец до сите информации за спортот во Република Македонија. Согласно концептот, секоја национална спортска федерација ќе има пристап до базата и ќе може да го надополнува сајтот со нови и свежи податоци околу настаните и календарот на активности во тој спорт. Во базата на податоци се и листите на сите досегашни спортисти кои се носители на соодветни стипендии од страна на Агенцијата за млади и спорт, носителите на највисокото Национално спортско признание, популарната „спортска пензија”, како и носителите на државната награда од областа на спортот „8-ми септември”.
Податоците на веб-сајтот постојано ќе се ажурираат и дополнуваат, а спортистите, рекреативците и граѓаните ќе имаат можност да се информираат и за спортските објекти и спортските настани на целата територија на државата. На оваа веб-страна се дадени и генералиите, односно контакт-информациите за спортските федерации и спортските клубови, кои согласно законот се регистрирани и се членки на матичните спортски федерации.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?