Синдикатот на Клинички центар бара самостојно да преговара со премиерот Заев
Самостојниот синдикат на вработените во Клиничкиот центар информира дека тие се иницијатори на средбата со премиерот Зоран Заев и дека остануваат на ставот на договорената средба самостојно да преговараат.
– Сметаме дека на така организирана средба, поради евентуални различни ставови и барања, постои потенцијална можност за непотребни конфликти на претставниците на двата синдикати, се вели во реакцијата на Синдикатот на Клинички центар, по изјавата на премиерот Заев дека на договорената средба ќе разговара со синдикатите.
Во таа насока, синдикатот на Клинички центар информира дека во два наврати, на 17 и 19 овој месец, побарале од министерот за здравство да го информира премиерот Заев за овој став на синдикатот на Клинички центар и да го извести синдикатот за одговорот.
Синдикатот на Клинички центар, потсетува дека тие се иницијатори и барале средба со премиерот Заев, договорена за 24 или 25 декември годинава.
Самостојниот синдикат на вработените во клиничкиот центар на 12 овој месец излезе на протест против одлуката на Советот на Град Скопје за зголемување на цената за паркирање за вработените на комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Ново на Сител
-
Првиот сведок на Палчо: Полицијата го тепаше Видевски за да ги признае убиствата на Вања и Панче
-
Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка на државата
-
Скандалозно судење на дербито Вардар-Силекс
-
Судски Совет: Изречената воспитна мерка за Васил Јованов е согласно законот
-
Интерпелациите за Судскиот совет на седница до 10 март
-
Предлогот за разрешување на Коцевски патува кон Советот на Јавни обвинители
-
Резолуциите во Обединетите нации и денеска причина за обвинувања помеѓу власта и опозицијата
-
Зеленски во петок кај Трамп