Сибига му се заблагодари за честитката на Муцунски
Новиот министер за надворешни работи на Украина Андриј Сибига му се заблагодари на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за честитките за неговото именување.
„Благодарам, министре за надворешни работи Тимчо Муцунски за вашите љубезни честитки и за постојаната поддршка што Северна Македонија и ја покажува на Украина. Вашата солидарност и посветеност на нашиот суверенитет и слобода е навистина важна, особено во овие тешки времиња“, напиша Сибига на Х.
Муцунски претходно му упати искрени честитки на Сибига за неговото назначување за нов министер за надворешни работи на Украина.
„Со нетрпение очекувам да ги зајакнеме нашите билатерални врски и соработката во различни сектори, и да продолжиме со нашата силна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзиниот пат кон обезбедување мир, безбедност и просперитет“, се вели во честитката на Муцунски.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ