Шумската полиција фати голема група дрвокрадци во штипско
Во Штип се одвива голема акција на Шумската полиција против дивата сеча, објави на својот Фејсбук профил, заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој напиша дека акцијата се спроведува од раните утрински часови.
- Со акцијата лично раководеше Митко Костадиновски, началникот на Шумската полиција на Македонија. Во оваа акција учествуваа шумски полицајци од ШПС Гевгелија, ШПС Валандово, ШПС Велес и ШПС Радовиш. Во акцијата на лице место се заловени поголема група дрвокрадци, за кои се поднесени соодветни пријави, одземени се повеќе возила кои се затекнати како превезуваат незаконски посечени дрва и други средства со кои е вршена незаконската сеча, вели Михаилов.
Тој додава дека се претпоставува дека станува збор за истите луѓе кои пред извесно време направија огромни штети на боровите култури во штипско.
- Акцијата за справување со дрвокрадците ширум цела Македонија ја продолжуваме со уште посилно темпо, напиша на својот фејсбук профил, Михаилов.
Ново на Сител
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, министер за одбрана
-
50 години клиника за нефрологија – годишно на дијализа завршуваат околу 300 нови пациенти
-
5-ти смртен случај со грип оваа сезона
-
Доживотен затвор за убиецот кај Мавровка
-
Обвинителството поднесе жалба за куќниот притвор за Асмир Јахоски
-
Мицкоски: 5% од судиите и обвинителите се последниот штит на криминалите на владата СДС-ДУИ