Шаќири се сретна со Македон и Или - деца генијалци
Македон Димитровски и Или Морина се иднината на Северна Македонија. Нивниот талент, желба за учење и посветеност треба да не поттикнат да најдеме најсоодветни начини за да ги поддржиме, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири по средбата во МОН со двајцата основци за кои математиката е како игра.
Како што информираат од МОН, Македон со само седум години без проблем решава задачи наменети за средношколци, а 13-годишниот Или им држи часови по математика и физика на студенти од земјава и од светот.
-Тие се доказ дека нашата држава има одличен кадровски потенцијал кој бара институционален одговор, за да може целосно да се реализира. Во оваа насока се и нашите заложби, како Министерство за образование и наука, да им дадеме можности за квалитетна едукација, за развој на креативноста и иновативноста, со што ќе им обезбедиме добри услови за надградување, реализирање и работа. Токму тоа е целта на реформите на образованието, да овозможиме реализација на овие исклучителни потенцијали, нагласи Шаќири по средбата.
Поддршката за талентите, како што објасни Шаќири, почнува со нивно идентификување, во што неодминлива е улогата на наставниците, кои потоа работат со овие деца. Исто така, со сет политики, мерки и активности се вреднува, стимулира и поттикнува трудот на надарените, креативни и талентирани ученици.
Ново на Сител
-
80 години од прогласувањето на македонскиот јазик како службен
-
„Мојот антикорупциски дневник“ - Младите против корупцијата преку едукација и отпорност
-
Хотелиерите оптимисти околу изградбата на автопатот
-
Преглед на вестите од светот
-
Банките чекаат официјален допис, бизнисот условите за унгарскиот кредит
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Поставена биста на Димитар Влахов пред седиштето на СПМ
-
Изјавата на Кешишев нема да го смени обвинението - Има цврсти докази дека Палчо ги убил Вања и Панче