Секс роботи со човечки гениталии
Американска компанија „Ејбис Криејшн“, која пред 20 години прозиведе реалистични секс играчки, сега најави нови модели, кои се најреалистични досега и кои би требало да се најдат во продажба следната година, по цена од околу 15.000 долари.
Основачот на компанијата „Ејбис Криејшн“, Мет Мелмален својот бизнис го започна со изработка на реалистични кукли, пишува „Индепендент“.
- Моите кукли не се оригинално дизајнирани за сексуална употреба, но поради реакцијата која ја добив, го видов нивниот потенцијал на „љубовни кукли“ и одлучив едноставно да одам во тој правец, изјави Мет.
Според „Индепендент“, „секс роботите“ наводно ќе имаат и човечки генитали.
Уште од сега интересот е голем. Швајцарската компанија, која стои зад контроверзниот предлог за „фелацио кафулиња“ во кои на клиентите би им се нудел орален секс, веќе пројавила интерес за набавка на „љубовните кукли“ од американскиот производител. Проектот се уште е во рана фаза, нема добиено одобрение од властите, но контактот е веќе воспоставен.
Лиза, сопственичка на најголемиот еротски салон со масажа во Женева, за швајцарските медиуми изјави дека идејата е „многу добра“ но „очигледно е дека ништо не може да го замени човечкиот допир“.
Ново на Сител
-
Артан Груби се повлекува од јавниот живот иако тврди дека е чист како солза
-
Уставен се подготвува за седница на која со експерти ќе се разгледува законот за јазиците
-
Одбележани 30 години соработка со УНХЦР
-
Диви свињи ги уништуваат нивите на брегот на Охридското езеро
-
Штипските студенти од УГД ќе можат да студираат во Европската Алијанса на Универзитети
-
Преглед на вестите од светот
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов