Балкан
7. July 2020 - 9:51

Секретаријат за одбрана на САД: Американски војник го загуби животот во кампот Ново Село на Косово

Американскиот Секретаријат за одбрана објави дека 20-годишен припадник на американската армија, кој служел во мировната мисија во Косово, го загубил животот.

Според извештајот, војник од Виламина во сојузната држава Орегон настрадал на 4 јули во кампот Ново Село, во инцидент што не бил дел од вооружена акција.

Секретаријатот за одбрана соопшти дека инцидентот се истражува, но не објави детали за смртта на припадникот на Националната гарда на Орегон, чија единица пристигнала во Косово во почетокот на март годинава.

Во моментов, помалку од 4.000 војници, од кои околу 640 се од САД, служат во Косово, во мисија предводена од НАТО.