Македонија
17. November 2015 - 8:44

Седници на собраниските комисии за одбрана и за надворешна политика

Во Собранието на Република Македонија за денеска се најавени седници на комисиите за одбрана и безбедност и за надворешна политика.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се предлог - законите за дополнување на законите за безбедност на сообраќајот на патиштата и за одбрана, во прво, односно во второ читање.

Членовите на Комисијата за надворешна политика, пак, треба да расправаат за Предлог – законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за поттикнување и взаемна заштита на инвестиции.