Се уште е активен пожарот меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци
Пожарот што зафати подрачје меѓу беровските села Митрашинци и Будинарци се уште е активен. Ветрот прави проблеми со ставање под целосна контрола на огнените јазици. Состојбата се менува од час во час, изјави за МИА Владо Клинчарски, директор на ЈП „Македонски шуми – Малешево“ – Берово.
Тој посочи дека во моментов пожарот го гаснат околу 100 пожарникари од Берово, но и од Виница, Кочани, Радовиш, Струмица и од други градови, како и специјални тимови на Дирекцијата за заштита и спасување, на Центарот за управување со кризи, полиција, гранична полиција и вработени во „Македонски шуми“.
Клинчарски вели дека сега битката со огнената стихија се одвива само од земја, бидејќи ЕР-тракторот е повлечен напладне по 12 часот кога имаше драстично покачување на температурите.
Тој нагласи дека екипите остануваат на терен, бидејќи ветерот и високите температури не одат во прилог на гаснење на овој пожар кој зафати околу 50 хектари високо стеблеста шума.
Ново на Сител
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов
-
Тема на денот со Орхан Муртезани, министерот за европски прашања
-
Младите од Македонија најмногу сакаат да ја напуштат државата споредено со врсниците од регионот
-
Таравари прими вакцина против грип - Со закон ќе се справуваат со антиваксерите
-
Фон Дер Лајен од Скопје: Проширувањето ќе остане врвен приоритет за ек во следните пет години
-
Прва средба на новите членови од историската комисија - Ќе има ли разлики?
-
Помилуваниот Равманоски повторно зад решетки, осомничен за обид за убиство