Се уште активен пожарот меѓу селата Ореше и Папрадиште во општина Чашка
Се уште е активен шумскиот пожар меѓу планинските села Ореше и Папрадиште во реонот на Азот во Општина Чашка.
- Во гаснење на пожарот, во кој гори мешана дабова и букова шума, од утрово од 7:30 часот се вклучени и два хеликоптера, а гаснат и мештаните од двете села и екипи на Шумското стопанство „Бабуна“ од Велес, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи Велес.
Овој реон каде гори шумата е во срцето на Азот, богат со шуми и природни убавини во Општина Чашка веднаш под Солунска глава. Азот, а посебно селото Папрадиште е најпосетувано од домашните и странски туристи и планинари. Во овој реон има цркви и манастири со конаци.
Овој шумски пожар вчера во 12 часот бил пријавен преку 112 за итни повици. Вчера освен вработените од ШС „Бабуна“ и месното население гаснела и екипа пожарникари од Територијалната противпожарна единица Велес.
Ново на Сител
-
Протест пред Град Скопје, граѓаните се револтирани од јавниот превоз
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска