-->
-->
Се степале кошаркарите, се приклучиле родителите- македонска кошарка
-->
Седмото коло од Втората кошаркарска лига- запад донесе и сериозен инцидент откако натпреварот меѓу Лирија и Академија ФМП не се доигра по тепачката што се случи на теренот во салата „7 Март“.
Немилиот настан се случил во тек на третата четвртина, кога дошло до физичка пресметка. Хаосот бил комплетен откако во тепачката влетале и неколку родители од трибините, по што официјалните лица решиле натпреварот да биде прекинат и воопшто да не се доигра.
Комесарот за натпреварување дефинитивно ќе има полни раце работа, а ќе треба час поскоро да се пресече со сериозна казна, за ваквите настани од кошаркарските терени да бидат искоренети еднаш засекогаш.
Извор: Екипа
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Институциите пред тест по проширувањето на црната листа
-
Тема на денот со Столе Наумов
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ