Се реконструира улицата „Стамен Манов“ во ромското маало во Кочани
Согласно општинската програма за изградба и реконструкција на улици, денеска во Кочани започна реконструкцијата на улицата „Стамен Манов“ во Ромското маало.
Целокупната инвестиција за овој зафат изнесува околу 1.700.000 денари, средствата обезбедени од Владата, преку програмата за финансирање „Декада на Ромите“, како и од буџетот на општина Кочани.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски појасни дека за почеток се вршат подготовки за корекција на водоводната и кализационата мрежа, за потоа да се пристапи кон целосна реконструкција на улицата.
- Според динамиката на работите се очекува реконструкцијата да заврши до крајот на овој месец. Паралелно ќе се работи на отстранување на тесните грла на улицата, а ќе се интервенира и во делот на приодите за атмосферска канализација, за да на крај се стави и нов слој асфалт со дебелина од 5 сантиметри, изјави Димитровски.
Во септември минатата година еден крак од улицата „Стамен Манов’ доби асфалт во должина од 150 метри и широчина од 5 метри. Со тоа, се овозможи поврзување со кракот 1 од истата улица што води кон месноста Колерски гробишта.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат