Македонија
31. January 2025 - 10:27

Почина новинарот Ѓорѓи Томиќ

По кратко боледување денеска на 42-годишна возраст почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика.

Томиќ долги години беше дел и од редакцијата на Канал 5 кадe работеше како уредник во информативната редакција и остави значаен белег во своето известување и аналитички пристап.

Својот професионален ангажман подоцна го продолжи во маркетинг секторот, во работејќи во секторите за односи со јавност.