Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
Наместо ТOЕФЛ сертификат за познавање англиски јазик или други меѓународно признаени сертификати, за извршување на јавна функција кандидатот за функцијата ќе треба да има сертификат дека има познавање од англиски, германски или француски на ниво Б2.
Овие сертификати за нивото Б2 може да бидат издадени од сертифицирано училиште за странски јазици во земјава или во странство.
Владата по укажување од министерката за образование, Јаневска минатиот месец ги задолжи сите министерства кои имаат потреба измените и дополнувањата на законите да ги достават до Владата.
Во делот каде се утврдени условите за избор и именување на директор, заменик директор и на други јавни функции, на тој начин што по условот за поседување меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик, поединечно дефиниран во посебните материјални закони, да се додадат зборовите или сертификат или уверение со кој се потврдува познавањето на еден од трите најчество користени јазици на Европската Унија- англиски француски или германски на најмалку ниво Б2.
Веќе започнаа да се прават измени во законите кои чекаат да бидат изгласани на собраниска седница. Според пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски со овие измени ќе се заострат критериумите за избор и нема повеќе да се врши злоупотреба на ТОЕФЕЛ сертификатите.
Намерата за менување на условите за носителиоте на јавни функции за познавање на странски јазик, следни откако во јавноста неколку месеци се оспоруваше ТОЕФЕЛ сертификатот на директорот на АНБ, Бојан Христовски како лажен, за што постапуваше и ДКСК која кажа дека нема надлежност за директна експертиза на документите.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пред три месеци најави дека ќе бидат проверени 500 поранешни и сегашни функционери за кои постојат индиции дека приложиле лажни сертификати по англиски јазик.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар