Македонија
6. July 2017 - 14:07

Се реконструира делница од Возарци кон ХЕЦ „Тиквеш"

Се реконструира делница од патот од кавадаречкото село Возарци кон браната ХЕЦ „Тиквеш", а увид во работите на терен денеска направи градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Активностите се дел од редовната општинска комунална изградба.
 
Според Панов, ревитализацијата е значајна за сопствениците на над 2,5 илјади викендички во викенд населбата покрај Тиквешкото Езеро, но и за развојот на алтернативниот, планинскиот и езерскиот туризам. 
 
Градоначалникот информираше за финансиите кои преку Европската комисија се донирани во Кавадарци во висина од 260.000 евра и за проектите кои влегуваат во таа финансиска конструкција. 

- Одговоривме на неколку барања на жителите од урбаните и месните заедници. Во договор со неформалната месна заедница на викенд населбата, изготвуваме и урбанистички планови. По нивно завршување, подготвени сме да пристапиме и кон асфалтирање и уредување на патната инфраструктура во населбата, информира Панов и додаде дека на Тиквешко има убави куќи со голема вредност, понекогаш поголема и од таа во градот. 

Согласно проектот, се работи на коловозна лента широка 5,5 метри. За оваа намена Општината ќе потроши четири милиони денари. Парите се обезбедени со договорите за заем и договорот за ИПА грант од Европската комисија меѓу Меѓународната банка за обнова и развој и Република Македонија.