Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
Граѓаните на Кочани вчера попладнето оствариле средба со градоначалникот по која велат дека се блиску до договор за исполнување на нивните барања за состојбата со градската депонија.
Велат дека на средбата биле усвоени четири од пет нивни барања. Според информациите до кои дојде Телма градоначалникот дал зелено светло за неколку важни мерки, но решение на клучното барање за одбивање на ѓубре од други општини сè уште не е донесено.
На средбата било договорено да се изгради физичка бариера околу депонијата за да се спречи неовластен пристап. Местото да биде ставено под видеонадзор.
Да бидат ангажирани лица за обезбедување на теренот 24/7 и да не се дозволува неовластен влез на депонијата.
Сепак протестот продолжи и денеска со цел изнаоѓање решение на нивното клучно барање, а тоа е да не се дозволува одложување на отпад на депонијата од други општини, а градоначалникот се обврзал да даде одговор на ова нивно барање најдоцна до сабота.
Граѓаните најавија дека ќе формираат кризен штаб составен од советници и граѓани, кои ќе го надгледуваат процесот на управување со депонијата и ќе обезбедат транспарентност во понатамошните активности.
Ново на Сител
-
Лишени од слобода разбојници од Арачиново
-
„Воздух, здравје и ништо помалку“: Граѓаните маршираа за чист воздух
-
Преку безбедносни служби до вечна власт | Павле Трајанов | Неформално | Sitel Podcast 074
-
Собранието го донесе државниот Буџет за 2025 година
-
Извлечени четвртфиналните двојки во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Приведен поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Стефановски
-
Влада: Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица
-
Приведени двајца жители на Арачиново кои со закана одзеле пари и мобилен телефон