Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
Бенјамин Нетанјаху,израелскиот премиер го разреши министерот за одбрана Јоав Галант, соопшти неговиот кабинет. Израел Кац, кој моментално ја извршува функцијата министер за надворешни работи, ќе стане министер за одбрана, а Гидеон Саар ќе го замени Кац на функцијата министер за надворешни работи.
Во јули, Галант повика на национална истрага за неуспесите во нападот на Хамас на 7 октомври, велејќи дека тој и неговиот шеф, премиерот Бенјамин Нетанјаху, треба да бидат под истрага.
Министерот ова го коментираше на церемонијата на доделување дипломи за нови воени офицери, на која присуствуваше и Нетанјаху, чија коалициска влада веќе е потресена од внатрешни конфликти.
Државната истрага, рече Галант, „мора да биде објективна, треба да не засега сите нас, оние кои донесуваат одлуки, како и оние што ги спроведуваат, односно владата, војската и безбедносните агенции“. „Tреба да ме испита мене како министер за одбрана, да го испита премиерот“, рече Галант, додека толпата навиваше.
Нетанјаху ги отфрли претходните повици за национална истрага за нападот на Хамас на 7 октомври, кој ја поттикна војната во Газа, велејќи дека истрагата за тоа што се случило треба да се спроведе по завршувањето на војната. Само владата може да одлучува за формирање на Државната истражна комисија, која има широки овластувања и чии наоди имаат тежина. Главниот судија на Врховниот суд ги избира своите членови.
Минатата година, по неколкумесечни протести низ целата земја против плановите на владата да ги ограничи овластувањата на врховниот суд, Галант рече дека предложениот закон од владата треба да се отфрли. Нетанјаху веднаш го отпушти, по што десетици илјади Израелци излегоа на улиците во знак на поддршка на Галант. Долгогодишниот премиер на крајот попушти и го задржа Галант во кабинетот. Галант оттогаш повторно се судри со Нетанјаху околу тоа каква стратегија да се води во Газа, што поттикна некои членови на нивната партија Ликуд да побараат негово отстранување од функцијата.
Ново на Сител
-
Истражна постапка за лице осомничено за кражби и разбојништва
-
Холандија од денеска почнува засилени контроли на копнените граници
-
САД подготвуваат нова воена помош за Украина во вредност од 988 милиони долари
-
Кина повика на изнаоѓање „политичко решение“ во Сирија
-
Грчко МНР: Грција го поздравува падот на режимот на Асад во Сирија
-
Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка
-
Раст на БДП од 3 проценти во третиот квартал
-
Во протестите во Тбилиси, од 28 ноември, досега, повредени 150 полицајци и приведени над 400 демонстранти