Се преврте автомобил полн со мигранти кај Струмица, седум повредени
Седум лица од кои три потешко се повредени во сообраќајка несреќа која минатата ноќ се случила кај кружниот тек на излез од Струмица кон Радовиш.
Според информациите од полицијата до сообраќајната несреќа дошло кога А.А. (25) од скопско Инџиково изгубил контрола над возилото „Алфа Ромео“ со кое превезувал шест мигранти, удрил во метален столб за улично осветлување и се превртел на кров.
Возачот се здобил со тешки повреди, скршеница на десната потколеница и коски на лицето, четириесет и шест годишната Сиријка С.Х. исто така е тешко повреда во сообраќајката со скршени десет ребра. Најтешко повреден е Н.Н. од Пакистан кој има скршеници на главата и се наоѓа во коматозна состојба. Поради сериозните повреди овие три лица биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје.
Со полесни повреди поминале останатите четворица мигранти кои биле во возилото кои по укажаната лекарска помош се пуштени од болница, Сиријците М.Х. (19), М.Х.(36), Пакистанецот А.А. (20), и дваесет и две годишната Пакистанка С.М.
Полициски екипи во присуство на јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата. Со дел од мигрантите е разговарано, по што истите ќе бидат пренесени во прифатниот центар во Гази Баба.
Ново на Сител
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија