Се очекува зголемување на бројот вработени во деловните субјекти
Економската состојба на деловните субјекти во јануари 2017 година била на речиси исто ниво како претходниот месец, а многу поповолна во однос на јануари 2016, оценуваат раководителите. Се очекува бројот на вработени да се зголеми.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2017 година e 65,5 отсто. Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2017 во однос на декември 2016 е понеповолна. Очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe зголемени.
Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2017 година е за 0,2 процентни поени понизок во однос на претходниот месец, а во однос на јануари 2016 година е зголемен за 4 процентни поени.
Обемот на производството најмногу го ограничуваат недоволната странска побарувачка со 23 отсто, недоволната домашна побарувачка со 20,6 и недостигот на квалификувана работна сила со 17,5 проценти.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија
-
Пет пациенти кои се лекуваат во странство се во критична состојба
-
Од утре почнува исплатата на итна и првична помош за семејствата зафатени од несреќата во Кочани
-
ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
-
Уапсени 17 лица кои пуштале музика во 7 дневна жалост
-
Владата апелира да се избегнува каква било политизација на случајот
-
Охриѓани им оддадоа почит на жртвите
-
ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари