Македонија
23. March 2025 - 16:46

ТППЕ Охрид - Голема е опасноста од блоковски пожари

Степенот  на загрозеност во стариот дел од градот, културно – историските споменици од непроценливо значење е висок поради тешко пристапните улици, збиената архитектура но и паркираните возила .Од ТППЕ од Охрид посочуваат дека голема е опасноста од блоковски пожари и во центарот поради градежната експанзија и тешко пристапните локации и патишта.

Дополнителен проблем е и нефункционалната внатрешна хидрантска мрежа во колективните станбени објекти и градби без пп скали за евакуација.

Од ТППЕ Охрид потенцираат дека секој од нас треба да биде совесен и одговорен ,но потребна е поголема едукација на населението ,увежбување на плановите за евакуација , давање на совети и препораки.