ЗЕЛС: Координирана вонредна контрола во сите општини
Координирани вонредни контроли на општинските инспектори во сите единици на локална самоуправа по страотната несреќа во Кочани, најавува претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓевски. Утре на состанок, општинските власти ќе прават проценка кому му фалат инспектори за на терен, за да бидат презмени од друга општина која веќе завршила со контролите.
Ќе се прави контрола на градинки, училишта, спортски објекти, културни домови, спортски објекти и угоститлески објекти. Посебен акцент во проверките ќе добијат местата каде што се собираат деца и млади. Ќе се контролираат и станбените згради, особено постарите каде што целосно се запоставени хидрантските системи.
Се внимава дали објектите имаат исправна противпожарна опрема и исправни хидранти. Дали електричните инсталации се безбедни и соодветно одржувани, дали се поседуваат сите потребни документи и безбедносни елаборати…Многу градоначалници ги мобилизираат своите служби. Ќе има нулта толерација за неправилности. Објектите кои што не се безбедни ќе добијат налози за итно отстранување на недостатоците, па ако е потребно и привремено ќе се затворат додека недостатоците не се исправат, рече претседателот на ЗЕЛС на прес-конференција.
Ѓорѓиевски побара и граѓаните да укажуваат на неправилности. Првичните проверки во неговата општина покажале дењка градинките и училиптата се безбедни.
Дел од општините, особено во Скопје веќе ги извадија своите инспектори на терен. Најпрво се проверуваа документите со кои располагаат угостителските објекти и елаборатите на училиштата. Во втората фаза ќе се проверува и фактичката состојба.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар