-->
-->
Се менува дотраена канализација во дел од Каменица
-->
Се менува старата дотраена канализација во Карадачко маало во Македонска Каменица во должина од 200 метри со што ќе се реши проблемот со отпадните води во оваа населба.
Заменик- директорот на ЈП „Камена Река“ од Македонска Каменица, Влатко Димитровски, денеска информираше дека оваа интервенција била неопходна, бидејќи цевките биле стари над 30 години, дотраени и тесни.
- Оваа населба последниве години има зголемен број жители, па досегашната канализациска инфраструктура не одговара на потребите. Често се јавуваа проблеми со затнување на шахтите и цевките во населбата. Оваа акција ќе трае една недела. Нашите машини, но и вработени работат на копање ровови, бидејќи теренот не дозволува целата линија да се ископа со машини. Очекуваме со оваа интервенција да се надмне проблемот, рече Димитровски.
Инвестицијата за промена на канализацијата го чини ЈП „Камена Река“ околу 2 илјади евра.
-->
-->
-->