Македонија
29. јуни 2024 - 17:09

СДСМ утре избира нов партиски лидер

СДСМ утре избира нов лидер на партијата. 23 000 членови ќе избираат помеѓу четворицата кандидати, екс министерот за здравство Венко Филипче, поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и заменик министерот за информатичко општество Александар Бајдевски.

Од Централната изборна комисија велат дека се е подготвено за  фер и демократски изборен процес.

Петровска која вчера преку прес конференција најави дека се повлекува од трката поради бројни злоупотреби при регистрацијата на членови, преку писмо од изборната комисија побарала и нејзиното име утре да не стои на избирачкото ливче.

Аврамовска Мадиќ сепак вели дека избирачките матријали се веќе испечатени и Петровска не може да биде избришана. За вчерашните обвинувања за нефер изборен процес Петровска се уште нема поднесено никакви докази, па изборната комисија не може да ги истражи.

Вонредните партиски избори СДСМ ги организира по оставката на Ковачевски поради историски најголемиот изборен пораз на партијата. Бројката од 23 000 членови кои се пријавени за гласање е за 3 до 4 пати помала во однос на претходните два изборни циклуси.

За избор, наследникот на Ковачевски утре треба да освои мнозинство гласови од бројот на оние кои ќе излезат на гласање.

Новиот лидер сепак ќе има мандат до март следната година.