СДСМ: СДСМ инвестира во иднината, по 3.000 денари месечно за младите работници вработени во производството и земјоделството
СДСМ во пракса ја спроведува определбата за континуирно вработување на младите преку конкретни мерки со кои се стимулираат политиките за намалување на невработеноста, а со тоа и спречување на одливот на младинската популација.
Но, СДСМ презема и мерки за стимулирање на младите кои се веќе вработени.
Последна во низата е Законот за младински додаток со кој државата обезбедува по 3.000 денари месечна исплата на вработените во дејностите на производство до 23 годишна возраст, за самовработените, за вработените преку приватна агенција, како и за младите индивидуални земјоделци.
Со оваа мерка ќе се подобри животниот стандард на младите, но ќе се стимулира и атрактивноста на стручните занимања за кои постои голем интерес на пазарот на трудот.
Позитивен ефект ќе имаат и работодавачите на кои, преку оваа мерка, им се излегува во пресрет со квалификувана работна сила, која тие постојано ја бараат помеѓу младите
Овој младински додаток, кој во иднина може и да се зголеми, заедно со мерките за зголемување на интересот за стручно образование, зголемениот фонд на оперативните мерки за вработување, како и тренинзите за барани профили на пазарот значително ги менуваат условите за работа на младите.
Потврда дека ја водиме државата на прав пат преку младинските политики се бројките за невработеноста кај младата популација. Во 2016-та процентот на невработени беше 48 отсто, а до крајот од 2019-та е намален на 35 отсто.
Ваквото драстично намалување на невработеноста кај младите преставува доказ дека СДСМ води грижа за новите генерации, но и поттик да продолжиме посветено да спроведуваме мерки за нови вработувања и мерки за подобрување на материјалната сигурност кај вработените.
Со почит,
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите