-->
-->
СДСМ: Мицкоски се откажа од протести, нема поддршка од граѓаните
-->
Христијан Мицкоски се откажа од долго најавуваните протести уште од почетокот на годината, со што призна дека нема поддршка за граѓаните.
Катастрофалната работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е сигурно една од причините. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување, најслаби градоначалници во историјата, за неколку месеци не сработија буквално ништо. Немаат ниту еден реализиран проект а парите на граѓаните расипнички ги трошат само за луксузирање и партиски вработувања.
Мицкоски не собра храброст да ги повика градоначалниците од неговата партија да се фатат за работа и да престанат да аздисуваат со парите на граѓаните среде криза.
Дополнително, по признанијата и пресудите во предметот Титаник, со коишто беше потврден целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните, да се огради и да поднесе оставка.Очигледно Мицкоски ниту самиот не знае кај тера.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година