Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
Цените под мраз уште еден ден. Од среда престанува важноста на новогодишната кошница. Речиси 1,200 производи ќе се продаваат без органичена маржа од 10%. Дали ќе пораснат цените на основните прехранбени производи, ќе зависи од волјата на трговците. Надлежните велат – ќе апелираме до нив да не ги качуваат цените.
-Ќе апелираме до трговците да го задржат нивото на цени, за да се спречи раст на инфлацијата. Имеше периоди кога неприродно се качуваа цените, изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија.
Од Државниот пазарен инспекторат велат дека постојано се на терен, новогодишната кошница се почитувала, имале само ситни забелешки и по укажување на инспекторите, тие се отстранети. Допонително на 24 и 25.12 самоиницијативно трговците ја дополнија кошницата со уште 30 до 50 производи со намалени цени и тоа за маслото, јајцата, оризот, шеќерот, месото и месните производи.
Во наредниот период во план е сеопфатна анализа на бруто профината маржа на производои и тоа кај производителите, дистрибутерите и маркетите, вели за Сител директорот на Пазарна.
На сила е и законот за нефер трговски практики. Антимонополска може по пријава од граѓанин или самоиницијативо да излезе на терен и да проверува дали рабатот кој трговецот го добива од производителот е ограничен на 10%. Претходни, според власта, рабатите надминувале 30, 40%. Сега се очекува дополнителен пад на цената, и високи казни за прекршителите.
-Комсијата за заштита на конкуренцијата веќе е екипирана. Ќе проверува и пишува казни за прекршителите, кои достигнуваат и до 20,000 евра, додава Ристески.
Инаку Организација за храна при Обединетите нации објави благ пад на цените на храната во декември, со значително поевтин шеќер и стабилни цени на житариците. Во цела 2024та, кошницата со основните прехранбени производои била поевтина за нешто над 2%.
1 март до крајот на март е рамазанската и од 20 април велигденската кошница.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар