Македонија
14. November 2021 - 10:43

Санкционирани 25 возачи под дејство на алкохол во Битола

На територија на СВР Битола ноќеска во период од 20:00 до 02:00 часот беше спроведена засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол, при што санкционирани се 25 возачи.
 
Министерството за внатрешни работи информира дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.