Сали: Пациенти знаат покасно да се јават во здравствените установи кога за жал немаме веќе што да направиме
Стручната комисија за случајот со починатиот 25-годишен пациент од Берово после хируршка интервенција на заб е веќе формирана, но се чека финален извештај од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Откако извештајот ќе стигне до Министерството, Комисијата ќе заседава врз основа на целата процедура, изјави денеска министерот за здравство Беким Сали одговарајќи на новинарско прашање во ГОБ „8 Септември“.
Во однос на членовите на оваа Комисија, Сали посочи дека има апсолутна доверба во нив и оти тоа се луѓе кои цел живот работат на таа проблематика. Професионалниот дел, вели тој, не може да се дискутира за луѓе кои цел живот го работат тоа.
Тој утринава побарал од архивата, но вели се уште го немаат добиено тој документ.
Министерот нагласи дека откако ќе го докомплетираат целосниот случај со извештајот од ДСЗИ и стручната Комисија ќе излезат во јавност и ќе образложат.
– Сметам дека наши пациенти честопати знаат покасно да се јават во здравствените установи кога за жал честопати немаме веќе што да направиме повеќе од тоа што е направено, но во конкретниов случај ќе дозволиме на стручните лица тоа да го кажат, додаде Сали.
ДСЗИ вчера соопшти дека е извршен вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде пациентот се јавил на преглед во врска со здравствената состојба која завршила со смртен исход – матичен стоматолог, матичен лекар и Итна медицинска помош Берово, ЈЗУ Клиничка болница – Штип и ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар Скопје.
Ново на Сител
-
Пад на индустриското производство од 7,9% во септември
-
Тема на денот со Благој Бочварски, СДСМ
-
Први пратенички прашања за Мицкоски, Филипче му побара оставка
-
Реакции по извештајот на Европската Комисија за напредокот на Македонија
-
Екс министерката Костадиновска заработи кривична пријава за Универзална
-
Се уште нема никаква одговорност за смртта на 14 месечното бебе од Гошинце
-
АХВ: Потврден случај на птичји грип кај угината гуска во Злокуќани
-
Побарано да се забрани внес на нови животни во скопската зоолошка