САД ја ограничија американската виза на Валентина Матвиенко за меѓународна конференција во Њујорк
Претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент Валентина Матвиенко беше принудена да направи видео-обраќање на светската конференција на претседатели на парламенти во Њујорк, откако нејзината американска виза не и дозволи да присуствува на настанот, јави ДПА.
Матвиенко, која е меѓу лицата на кои САД наложија санкции по руската анексија на Крим минатата година, планираше да присуствува на Четвртата светска конференција на претседатели на Парламенти на земји учеснички во Интерпарламентарната унија и да учествува на средби во ОН.
Сепак, нејзината американска виза, дадена единствено со цел да присуствува на настани на ОН, не и дозволи да присуствува на конференцијата, иако форумот се одржа во седиштето на ОН.
- Овие дејствија на американските власти се целосно неприфатливи, изјави руското министерство за надворешни работи. Според руското МНР тие претставуваат сериозно кршење на меѓународното право и се во спротивност со обврските на државите, домаќини на мултилатерални средби.
САД, кои се домаќини на седиштето на ОН, имаат обврска да дозволат на официјални лица да влезат во земјата за цели поврзани со активности на ОН.
Портпаролот на американската амбасада во Москва изјави дека САД го задржуваат правото да ја ограничат важноста на американската виза, само на настани поврзани со ОН.
Конференцијата, организирана од Интерпарламентарната унија, не е официјална средба на ОН. Нејзиниот претседател изрази разочарување од ситуацијата.
Руските политичари реагираа со повик до ОН да го премести седиштето на организацијата во Швајцарија.
Матвиенко изјави, дека санкциите на САД врз руски парламентарци се незаконски и грубо ги кршат меѓународното право, принципите на демократијата и слободата на говор, јави ТАСС.
Во своето видео обраќање Матвиенко предложи учесниците на конференцијата да се изјаснат против наметнување на такви санкции врз парламентарци и да не одржуваат меѓународни форуми во држави, кои воведуваат незаконски ограничувања за парламентарци кои поддржуваат алтернативни на Вашингтон политички ставови.
Матвиенко, исто така, изјави дека кризата во бегалците и мигрантите во Европа, како и растот на терористичката група „Исламска држава“ се резултат на неодговорната политика на голем број западни држави и нивни сојузници.
Ново на Сител
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Заложничка драма во Прилеп
-
Минималната плата ќе се зголеми согласно законот и ќе изнесува 24.400 денари
-
130 психолози работат со ученици и возрасни за надминување на колективната траума
-
Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари