Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП
Ги чувале вработените во ЈПДП само една смена, а управителот на фирмата наплаќал како да го прави тоа 24/7. Обинителството бара притвор за управителот на фирмата за обезбедување 2 СС, Џемал Билбиловски бидејќи се сомничи дека го оштеттил буџетот на ЈПДП за скоро 47 милиони денари, односно злоупотребил зделка која ја добил на јавен тендер.
„Станува збор за договор за јавна набавка склучен на 08.08.2022 година со кој осомничениот управител на агенцијата за обезбедување се обврзал две години да врши континуирано физичко обезбедување 24/7 на сите 14 наплатни станици на Јавното претпријатие за државни патишта. Иако согласно потпишаниот договорот бил должен, не се придржувал кон обврската и за целиот период од договорот вршел само делумно физичко обезбедување, најчесто само во прва смена, а на договорниот орган фактурирал услуги како да било вршено 24/7 физичко обезбедување за целиот период на договорот се до неговото раскинување“.
Злоупотребата на тендерот не ја направил сам, за уште четворица се бара мерки на претпазливост. Уапсен е поранешниот директор на претпријатието Ејуп Рустеми, еден од потписниците на договорот и двајца надлежни за контрола на реализацијата. Станува збор за Дритон Зибери и Ејуп Љатифи, двајцата кои се уште се во списокот на вработени во ЈПДП.
За нив се води постапка за кривични дела кои опфаќаат злоупотреба на службена положба и овластување и фалсификување службени исправи.
Притвор се бара за Билбиловски, управител на фирмата за обезбедување и мерки на претпазливост за останатите осомничени.
Актуелниот директор на ЈПДП, Коце Трајановски на функција стапува на почетокот на јули 24 година, а според информациите кои Сител ги обезебди истиот овој договор месец дена подоцна е раскинат, на 16.08.2024 година.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар