Македонија
25. March 2025 - 19:58

Пролетната зелка во наредните десет дена ќе се откупува по цена од 40 денари

Во наредните десет дена пролетната зелка да се откупува по цена од минимум 40 денари. Ова било договорено на средбата што министерот за земјоделство Цветан Трипуновски ја имаше со трговсците од струмичко. Ваквиот договор доаѓа по реакцијата на градинарите откако само за неколку дена  откупната цена имаше драстичен пад од 70 на 40 денари за килограм.

За постигнатиот договор министерот за земјоделство информираше на неговиот фејсбук профил преку кој соопшти дека министерството ќе ја следи состојбата со откупот а веќе следната недела ќе се оствари уште една средба.

Претседателот на потсекторската група за градинарство Драги Памуков очекува дека откупувачите ќе го почитуваат ваквиот договор со што ќе се овозможи стабилен откуп.

Во меѓувреме, од страна на државниот инспекторат за земјоделство ќе има и засилени контроли со цел да нема менување на цените на дневна основа.