Прeглeд нa вeститe oд свeтoт
Плановите на САД за нападот на Хутите во Јемен, кој беше извршен на 15 март и односот на новата американска администрација со Европа. Ова се дел од инфорамциите кои протекоа откако во комуникација преку текстуални пораки меѓу највисоките американски функционери бил случајно додаден и новинар на весникот „Атлантик. Џефри голдберг откри дека на 11 март бил вметнат во група на апликацијата сигнал од Мајкл Волц, советникот за национална безбедност а во кога биле министерот за одбрана, Хегсет, државниот секретар Рубио, директорката на националната разузнувачка служба, Габард, директорот на ЦИА, Ретклиф, потпретседателот Венс.
Во групата вели Голдбер се договарал нападот врз Хутите на 15 март, во колку часот ке биде извршен, типот на оружејто што ке се користи и целите. во пораките што ги објави новинарот на нападот се противел потпретседателот венс кој напишал дека не му се допага идејата повотрно да ја спасува Европа, а секретарот за одбрана возвратил цеосно ја споделувам твојата одрватност кон европскиот паразитизам.
Тоа е срамно!.Од советот за национална безбедност признаваат дека разговорот изгледа автентично, ке истражат како новинарот бил додаден во групата но не објаснија зошто високи функционери разговарале за информации поврзани со националната одбрана надвор од одобрените доверливи владини системи. Секретарот за одбрана, Хегсет, тврди дека во разговорите не биле споделувани никакви воени планови додека претседателот Трамп вели дека не знае ништо за групниот разгоор но за него нападот врз Хутите бил полн погодок.
-Зборуваме за измамник и дискредитиран новинар кој се занимава со продавање измами. тоа е сè што имам да кажам за тоа“, изјави Питер Хегсет, секретар за одбрана на САД.
-Не знам ништо за тоа. Не сум голем обожавател на Атлантик. Тоа е списание што згаснува. Нападот беше многу ефикасен, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Демократите бараат целосна и објективна истрага за случајот.
Македонски државјанин е повреден при израелскиот напад врз објект на Обединетите Нации во Појасот Газа изведен 19 март соопшти Македонското министерство за надворешни работи. Од таму велат дека повредениот е пренесен на лекување во Израел и дека неговата состојба е стабилна.
МНР не сподели информации околу идентитетот на повредениот и неговиот професионален ангажман во ОН. При нападот на објектот на ОН едно лице загина, а шестмина беа повредени.
Во Ријад, Саудиска Арабина нова рунда разговори помегу уркаински и американски претсавници на тема запирање на руските и укрианските напади во Црното Море. На истата тема вчера во ријад, 12 часа разговараа американски и руски претставници. Портпаролот на Кремљ Песков изјави дека преговорите со САД биле детални и дека содржината на тие разговори нема да биде откриена.
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар