Руски нуклеарни бомбардери во близина на Алјаска
Министерството за одбрана на Русија соопшти дека во рамките на вежбата испратени се два авиони бомбардери Ту-160 на рускиот Далечен Исток, наспроти американската сојузна држава Алјаска.
„Росијска газета“ објави дека летот на бомбардерите, кои можат да носат нуклеарно оружје, ја потврдува способноста на руските сили да распоредат бомбардери на 20 минути оддалеченост од САД.
– Оддалеченоста од Анадира до Алјаска е помалку од 600 километри, што значи дека за Ту-160 доволни се 20 минути, вклучително полетувањето и достигнувањето висина, наведува „Росијска газета“.
Весникот додава и дека од авионите можат да бидат лансирани ракети врз цели во САД без да го напуштат воздушниот простор на Русија.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана се наведува дека бомбардерите поминале повеќе од 6.000 километри за осум часа од својата база во западна Русија до Анадира во регионот Чукотка, наспроти Алјаска.
Стратешкиот бомбардер Тупољев 160, кој во Русија го нарекуваат Бел лебед, а НАТО – Блекџек е супресоничен авион од советска ера и може да носи до 12 нуклеарни глави со краток дострел и да лета 12.000 километри без дополнување гориво.
Во воената вежба учествуваат околу десет Ту-160 и Ту-95МС и Илјушин 78.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец