Родители му оставиле да чува 8, 6 и 2-годишно дете, а тој повеќе пати го силувал најстарото
Триесетдневен притвор му е одреден на лице осомничено за продолжено кривично дело – полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе наредба за спроведување истражна постапка против осомничениот.
Државното јавно обвинителство информира дека родители на три деца му ги довериле на осомничениот да ги чува.
Децата биле на возраст од осум, шест и две години, а осомничениот, како што е наведено во соопштението, „искористувал исти прилики и во повеќе наврати вршел кривично дело обљуба врз најстарото дете“.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе избега, ќе ја попречува истагата со влијание врз сведоците и соучесниците и дека ќе го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гевгелија доставил предлог за определување мерка притвор.
Судијата за претходна постапка го прифатил предлогот и му определил 30-дневен притвор на осомничениот.
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?