Реката наречена „албанска марихуана“ не пресушува
Марихуана во големи колични, произведена во Албанија, во изминатите дваесет и четири часа е запленетета во неколку соседни земји.
Грчката полиција во близина на Игуменица во текот на денов запленила 200 килограми марихуна, што ја шверцувал албанскиот државјанин, кој и претходно бил осудуван во Грција за исто кривилно дело. Дрогата тој ја транспортирал по морски пат, со чамец а потоа истата била натоварена во две возила.
Грчката полиција, во две други оддлени акции запленила 234 килограми марихуана. Во едната акција запленила 135 килограми при што уапсен е албански државјанин. Дрогата била откриена при рутинска контрола на 32 километри од преминот Какавија во камион кој транспортирал камен. Во втората акција, кај Јанина запленети се 99 килограми.
Во Италија запленети се 51 килограм марихуана и уапсен е албанки државјанин со неговата девојка од Молдавија. Дрогата, чија вредност се проценува на 80 илајди евра, била во две торби во багажникот на возилото во кое биле двајцата.
Вчера вечер 52 килограми марихуана се запленети во близина на албанско-црногорската граница, кај Скадарско Езеро и уапсени се тројца албански државјани.
Иста количина на марихуана денеска е запленета и во Косово, додека синоќа на албанско-македонската граница кај Дебар албанската гранична полиција спречи шверц на 122 килограми марихуана, која требало да биде пренесена во Македонија.
Инаку, само во текот на овој месец албанската и полициите на соседните земји имаат запленето десеттина тони марихуана.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори