-->
-->
Редфилд: САД ги очекува втор, посилен бран на епидемија со Ковид-19
-->
Вториот бран на Ковид-19 во САД се очекува следната зима и би можел да биде посилен од првиот, бидејќи најверојатно ќе се појави на почетокот на сезоната на вируси, изјави директорот на Центарот за контрола и превенција на болести, Роберт Редфилд.
Редфилд во интервју за „Вашингтон пост“ истакна дека САД најверојатно истовремено ќе има и епидемија на грип и на новиот коронавирус и таа комбинација би можела да биде поголемо оптоварување за националниот здравствен систем од првиот бран.
Редфилд додаде дека Центарот за контрола и превенција на болести планира да обучува волонтери од пријавените лица во американското Биро за попис и членовите на Мировниот корпус, за да се создаде нова работна сила во борба со новиот коронавирус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи