Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
Спикерот Африм Гаши не открива дали и кога ќе се најдат на пленарна седница предлог измените на Законот за интонирање на химната во средни училиште. Во краток одговор за Сител вели – Како е по деловник, така ќе постапиме.
Инаку други пристигнати материјали на 5 декември како што се и овие, веќе се ставени на дневниот ред за седницата закажани за в среда на 18ти декември. Според деловникот, материјалите примени и доставени до пратениците во првите пет работни дена на почетокот на месецот се разгледуваат во тековниот месец.
До крајот на овој месец закажана е седница на 25 декември за годишното обраќање на претседателката на државата, а последниот четврток е резервиран за пратенички прашања. Други седници во календарот засега нема. Овие законски одредби веќе поминаа на комисиска расправа каде беше одлучено да преминат во понатамошна процедура.
Пратениците од Европскиот фронт ќе ги употребат сите механизми за да ги оспорат измените на законот кои предвидуваат интонирање на македонската химна во средните училишта. Албанската опозизија смета дека законот е неприфатлив и непотребен и го сметаат дека е потег на агресивен национализам кој го практикува владата.
Пратениците од европскиот фронт очекуваат дека измените ќе бидат ставени на дневен ред имајќи ја предвид досегашната пракса како и за Законот за бранителите. Дури и да се донесе, неговата примена нема да биде целосна.
Пратениците од ДУИ најавија преку 10 000 амандмани.
Од Европскиот фронт велат не се се исклучува можноста да го блокираат Собранието бидејќи службите раководени од претседателот Гаши, го кршат уставот и законот за службена примена на албанскиот јазик. Реагираат дека сите материјали за работа не им се достапни на албански јазик и се оневозможени да работат.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар