Македонија
14. December 2024 - 16:38

Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме

Премиерот во вторник патува во нова посета на Брисел но со стари позиции. Тоа што можевме да го понудиме, веќе го понудивме, порача тој додавајќи дека е крајно време Брисел да престане да биде заложник на политичари кои живеат во минатото.

Мицкоски констатира дека Македонија и Балканот не се во фокусот на оваа администрација во Брисел, но како што рече тоа не значи дека ние не треба да си ја завршиме домашната задача.

Во СДСМ велат дека Премиерот е должен да ги информира граѓаните кој е планот за понатаму

За разлика од СДСМ на ДУИ не им фалат информации. Тие констатираат дека интегративниот процес е закочен, а Албанците биле жртва на тоа.

Мицкоски во вторник ќе биде дел од редовниот самит ЕУ-Западен Балкан. На почетокот од месецот, тој веќе беше во Брисел на работна вечера што за лидерите од земјите од регионот ја организираше новиот претседател на Европскиот совет, Антонио Кошта кој идната недела за прв пат ќе претседава со овој самит.