Македонија
14. December 2024 - 16:36

Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи

Струшка нефрологија се соочува со дефицит на медицински кадар. Иако бројот на вработени е 226 сепак има недостиг од лекари но директорот на болницата Јетмир Зиба се надева дека после нова година ќе има нови вработувања во оваа установа во која бројот на пациенти е во постојан пораст.

После постоење од речиси четири децении, во ЈЗУ Нефрологија Струга извршени се поголеми градежни зафати. Директорот Зиба вели дека болницата сега ги поседува сите услови за навремен и комплетен третман на лицата со бубрежни заболувања и развој на здравствен туризам што е од значење не само за Струга, туку и целиот Југозападен регион.

Во Струшка нефрологија годишно се прават околу 16.000 хемодијализи, а од основањето на болницата досега се изведени преку милион хемодијализи.