Реакција на родителите: Децата во домот „Мирка Гинова“ во Битола ни се смрзнуваат на 15 степени
Родител на ученик кој е сместен во интернатот Мирка Гинова во Битола со писмо апелира до директорката на установата да ја зголеми температурата во собите на повеќе од од 15 степени, температура која што ја покажува термометарот за кој тврди дека е снимен во соба од интернатот.
Целото писмо на родителот Мите Петков:
Почитувана директорке Елена Спасеновска,
ве молам како родител а воедно ве прашувам зошто сте поставена како раководител на гореспоменатиот интернат?
Како директор и најодговорно лице мислам дека треба пред се да бидете личност со морален карактер и да имате љубов кон работата која ви е дадена и на крај да ги сакате децата кои ви се поверени во гореспоменатиот интернат, како свои..
Ако е така еве сега јавно прашувам дали имате барем малку љубов кон децата кои ви се доверени ; Зошто доколку би имале не би ги држеле во декември месец нивните соби на 15 степени.
Срамота е и незнам до кога ке изигравате добар Самарјанин, некој како вас, а од друга страна со целив ке им забивате нож на истоимените деца и родители кој се надеваат на вас, сметајки дека сте одговорна личност, а пред се и вие сте родител.
Дали вашите деца и вашиот дом е на 15 степени во зимскиот период, дали вашите деца кога се капат дома ги држите на 15 степени?
Слушам некои незрели изговори кој недржат вода, дека децата отварале и прозори. Па нормално, таму живеат човечки битија, не е таа стока, треба да се проветрее собата одвреме навреме.
Но ако се е ОК како што не убедувате нас родителите, после извесен период треба собата во кои претстојуваат нашити деца да се затопли.
Сакам доблесно и со чиста морална и етичка искреност, а не зад маска да ми одговорите зашто храната е намалена, зашто некое машко дете кое учи на спортска добива едно еурокремче или ист дел на бурек или леб кришка како некој кој е девојче и учи медицина?
Сакате да кажете дека вие во вашиот дом се храните строго по одреден резим, и дека вие и вашите деца јадете исто количество на храна?
Алооо ве молам, се се знае, децата се оние кој најмногу можат да те наградат но и да те казнат. Не се страмувате кога ве гледаат како од интернатот изнесувате полни кеси еурокреми, буреци и што уште не.
Жално е тоа што вашата алчност оди до таа мера што вашето братолубие е во права смисла самољубие, зашто кратите од децата за да однесете дома.
За крај само да знаете дека имам уште многу да ви кажам, но ве замолувам разбудете се зашто верувајте, тоа што им го правите на тие недолжни деца може како бумеранг да ви се врати.
Ново на Сител
-
Демонстрантите во Нови Сад - 48 часа пред Градското собрание за да им се исполнат барањата
-
Нетанјаху го разреши министерот за одбрана Јоав Галант
-
Почна протест во Нови Сад, развиен транспарент - Виновни сте, ќе одговарате
-
Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат
-
Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи, поднесени во кумановската полиција
-
СЗО: Голема медицинска евакуација од Газа е планирана неделава
-
СВР Велес со детали за сообраќајката во која загина едно лице, а три се тешко повредени кај Рибарци
-
„Гледам момче бледо како крпа, ги нема нозете а нема крв“, потресна исповед на таксист кој помагал на повредените во несреќата во Нови Сад