Разнишана династијата на Трамп: Пука бракот на најстариот син на Доналд Трамп, еве што неговата жена не може повеќе да поднесува
Повозрасниот син на американскиот претседател Доналд Трамп - Доналд Трамп Помладиот се разведува од својата сопруга Ванеса, со која се ожени во ноември 2005 година. Тие имаат пет деца на возраст од 3 до 10 години, соопшти „Организацијата на Трамп".
- По 12 години брак решивме да се разделиме. Секогаш ќе имаме голема почит еден кон друг и кон нашите семејства. Имаме пет прекрасни деца и тие остануваат наш приоритет, се вели во заедничкото соопштение на партнерите, кои имаат по околу 40 години.
Ванеса, со моминско презиме Хејден, вчера поднела судска молба за „разделба со заемна согласност“.
Неименувани извори истакнаа дека не Ванеса не и одговара тоа што семејството Трамп е постојано во фокус.
-Ванеса по природа е повлечена личност и не и годи медиумското внимание откако се Трампови на светската сцена. Загрижена е за децата, посебно откако прими заканувачко писмо со бел прав, истакна изворот.
Ванеса во февруари е хоспитализирана откако отворила писмо со бел прав, кое било адресирано на нејзиниот сопруг. Во меѓувреме друг извор тврди дека Ванеса и Доналд помладиот не планираат да се разведат иако имаат проблеми.
-Се обидуваат меѓусебе да ја решат работата, истакна изворот кој тврди дека Доналд помладиот и натаму живее во семејната куќа и дека е добар татко.
Ново на Сител
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик
-
Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј изложени за проштално збогум
-
Преглед на вестите од светот
-
Делегација на ЕУ донира 6 еколошки автобуси на ЈСП
-
Владата очекува конструктивна средба Сиљановска-Филипче