Македонија
1. July 2016 - 12:49

Работилница за подготовка на документи за управување со отпад

Донесување на соодветна планска документација за интегрирано управување со отпад претставува задолжителна процедура која овозможува стручна и непристрасна проценка на влијанието на идните проекти во делот на управувањето со отпад врз животната средина и истите се во потполност вградени во нашата законска регулатива, односно во Законот за управување со отпадот и, се разбира, подзаконските акти кои произлегуваат од него, а се однесуваат на оваа област.

Ова денеска го истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски на отворањето на првата национална работилница на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион“, организиран од ENVIROPLAN S.A. и конзорциумските партнери LOUIS BERGER, BiPRO GmbH, EPEM S.A. и SLR Consulting, а во соработка со Министерството за животна средина.

Според него стратешката определба на Република Македонија да стане рамноправна членка на ЕУ не исправа пред предизвикот за хармонизација на нашето законодавство со законодавството на ЕУ.

- Пристапот на информациите во јавноста, што би рекле транспарентноста, учеството на заинтересираните страни во процесот на одлучување, проценката на ризикот, изборот на најдобрата опција, планот за подобрување и унапредување како и мониторингот се само дел од алатките и механизмите кои овозможуваат објективност во одлуката и прифатливоста на сценаријата опфатени во планските документи за локалните самоуправи и воопшто за целата земја, рече Темелковски.

Нагласи дека се работи за документи со кои максимално ќе се избегнат негативните ефекти врз животната средина при спроведувањето на проектите за управување со комуналниот отпад, како и квалитетно спроведување на националната политика како насока на остварување на целите на одржливиот развој во Република Македонија. 

Тим лидерот на проектот Христос Цомпанидис појасни дека во проектот кој треба да заврши во декември 2017 година се опфатени 44 општини. Информира дека во првиот регион, односно Скопскиот има 17 општини со вкупното население  кое се проценува дека е 620.000 жители, втор е Вардарскиот регион кој се состои од девет општини со приближно 130.000 жители, трет е Пелагонискиот регион со население приближно 231.000 и Југозападниот регион со 220.000 жители.

- За отпочнување со работа на проектот потребно е да помнат одредени чекори, односно неколку компоненти. Првата компонента се однесува на изготвување на регионални планови за управување со отпад, а втората е изработка на стратешка проценка за животната средина. Има и четири регионални планови и подготовка на физибилити студија, истакна Цомпанидис.

Проектот е финансиран преку инструментот за предпристапна помошна ЕУ, а го спроведува Секторот на ЕУ како дел од оперативната структура за ИПА на Министерството заедно со секторот за управување со одтпад од Управата за животна средина. Главни корисници се Министерството за животна средина и просторно планирање, Меѓуопштинските одбори за управување со отпад и сите оптини во четирите региони кои се опфатени во проектот.