Шеќеринска: Патувањето кон членство во алијансата не е секогаш едноставно
Пристапувањето во најголемата северноатланска алијанса не секогаш е едноставен процес- вели заменик генералната секретар на НАТО Радмила Шеќеринска. Обраќајќи се на форум во Шведска порача дека македонското искуство е доказ за тоа, но и дека домаќинот по сериозни предизвици сега е дел од НАТО. Вели, секој народ има право да си го избере својот пат, а ние го избравме патот на слободата и демократијата.
Се осврна и на проблемот со Грција. Иако Македонија помина 30 години во чекалната на НАТО, а несогласувањата со јужниот сосед изгледале непремостливи , лидерството било пресудно за договор во кој е платена и политичка цена, Но членството во НАТО, донело и стабилност во регионот, вели Шеќеринска.
Шеќеринска потенцира дека стратешката визија на НАТО под новото раководство може да изгледа застрашувачка задача, но сепак новиот тим има јасно чувство за целите и насоките кога има се уште активни војни и во Европа и во светот. Русија останува најголема безбедносна закана за Алијансата вели Шеќеринска, затоа НАТО треба да ги зголеми трошоците за одбрана.
Шекеринска нагласи дека Шведска иако е последната земја што се приклучи на Алијансата, таа има витална улога во заштитата на заедничка безбедност на НАТО, поздравувајќи ги при тоа плановите на Стокхолм за зголемување на трошоците за одбрана на 2,6 отсто од БДП до 2028 година, што според неа, е пример од кој можат да учат постарите членки на Пактот.
-
Ивана Соколовиќ Најдовa
Сите содржини од овој новинар