Социјалдемократиет се на трето место со околу 10 отсто од гласовите, додека Партијата на модерниот центар на досегашниот премиер Миро Церар, добија поддршка од околу 9 отсот од гласачите.
Ниту една партија не освои доволно гласови сама да формира влада, па таа ќе биде коалициона.
Околу 1,7 милиони од вкупно 2 милиони државјани на Словенија имаа право на глас на вчерашните избори.
За мандатите во новиот парламент со 90 пратенички места се бореа 1.630 кандидати од 25 партии.
Распоредот на освоени места е следниот:
СДС - 25 места
ЛМШ - 13 места
СМЦ - 10 mesta
Левица - 10 места
СД - 9 места
НСи - 7 места
Партијата на Аленка Братушек - 5 места
ДеСУС - 5 места
СНС- 4 пратеници
Причината поради која парламентарните избори во Словенија се одржуваат неколку недели пред редовниот рок беше ненадејната оставка на премиерот во заминување Миро Церар во март поради неуспешниот железнички проект.