Прв центар за жртви од тортура – мора да се почитуваат човековите права и достоинство
Човек со својата сопруга и дете, во центарот на Прилеп, осомничен како ситен престапник, крадец, одеднаш е приведен, внесен во полициско комби, физички малтретиран, тепан. Главно, да призне криминално дело. Сето тоа остава физички и психолошки последици. Случајот стигнува до судот, а првостепената пресуда е ослободителна за малтретирачот- полицискиот службеник. Постапката продолжува, по жалба, до Апелацискиот суд. Во тој момент се формира и се вклучува тимот од првиот Центар за рехабилитација на жртвите од тортура. Мониторингот на тимот и повторното, вратено судење, донесува казна за малтретирачот-полицаец. Условна. Но голема заслуга на тимот на Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура.
Чекор напред во почитување на човековите права. Вака се доживува оваа „победа“ на тимот на овој Центар, со седиште во Прилеп, а прв во државава. Соодветно се одбележува Меѓународниот ден против тортурата, 26 јуни. Центарот, формиран пред околу четири месеци во рамките на невладината Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп работи на случаи на тортура на луѓе во притвор или во затворскиот систем во земјава. Проектот „Сеопфатна акција против тортурата“ е финансиран од Европската Унија, а е имплементиран од мрежата за помош ИАН, од Центарот за човекови права од Ниш и од Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп. Овој проект е резутат на заедничката иницијатива на овие три организациии кои, во изминатиот период, повеќе од 20 години работат на полето на остварувањето на човековите права.
Општата цел на проектот е – свет без тортура. Свет каде сторителите на делата се излезени пред лицето на правдата, а жртвите на тортурата продолжуваат да ги уживаат своите загарантирани човекови права, вели Талија Петреска, експерт за дејствување и лобирање во рамките на овој проект и на Центарот кој во овие речиси четири месеци веќе работи на 10-ина случаи.
-Сметаме дека се случи мал напредок зашто добивме пресуда, а споменувам дека станува збор за прилепскиот суд, во која за виновно е прогласено лицето кое вршело тортура и станува збор за полициски служебеник. Иако станува збор за условна казна, случајот не е конечен, но е еден вид напредок, нагласува Петреска.
Тортурата претставува едно од најсериозните злосторства против човечноста и достоинството и поради тоа се смета дека треба да се заземе целосна акција која вклучува: медицинска, правна и психолошка помош. Првиот Центар во земјава беше отворен при крајот на февруари Досега, во овој дел од Балканот, само во Северна Македонија немаше таков центар. Петреска објаснува како фунционираат досега акциите.
-Овој проект подразбира повеќе активности: обука на персоналот. Тортурата се смета дека, најчесто, ја предизвикуваат затворските службеници како и полициските лица, односно, службените лица кои се ангажирани и се вработени во местата за притвор, за задржување на затворениците. Во изминатиот период имаше повеќе обуки на персоналот во овие институции. Истовремено, беше создадена и мрежа на организации на териотријата на земјава кои работат на остварувањето на човековите права, поточно, во делот каде настанува прекршувањето на човековите права. Истовремено се работи на приспособување на дефиницијата. Имено, согласно со конвенцијата за тортура, поточно член 1 од оваа Конвеција, има посеопфатна дефиниција која ги опфаќа сите елементи на тортурата. Посебно се потпира на физичкото и на менталното страдање, како и на сериозната болка на жртвите од тортура. Но ова дело има три битни елементи – тоа е намерно дело, предизвикано од тешко физичко или ментално страдање, тоа е дело кое се нанесува со одредена цел и го нанесува државно службено лице, објаснува Петреска, нагласувајќи дека тортурата не е нешто кое се случува во овој момент. Можеби се случило пред 20 години. Тука се битни институциите – медицинскиот персонал кој треба да биде обучен како да ги забележи првите знаци на тортурата, да ги евидентира и врз основа на тоа се води постапката, а успешноста на тоа се базира врз успешно собраните докази.
Во Кривичниот Законик на РМ, во член 142 е дефинирана тортурата, а во членот 143 се дефинира еден вид вршење тортура. Но, во овој случај во Центарот сметаат дека не е приспособено со дефиницијата за вршење тортура бидејќи се смета дека не може да се применува на полицијата, на обвинителството или на други воени функционери.
-Во изминатиот период активно се работеше на теренот. Како експерт за лобирање, остварив соработка преку проектниот тим со повеќе институции: со народниот правобранител, со Управата за извршување санкции, со повеќето затвори и со сите места во кои сметавме дека може да настане оваа тортура. Остваерена е соработката со повеќе пробациски тимови кои веќе функционираат на територијата на државава. За овој краток период од околу четири месеци откако е отворен Центарот против тортура, сметаме дека веќе постои еден вид на препознатливост. Пријавени се жрви на тортура. Имаме регистрирано случаи во посебна база за овие жртви на тортура, вели Петреска.
Центарот има десетина случаи од целата држава. Повеќето се од Прилеп, но има и од Охрид, од Струга, Битола, од Велес и од Куманово. И пак пример на тортура.
– Малтретиран, тепан поради сомнежи, а и за да признае, е жител на Струга. Физички, брутално малтретиран. На помош во акцијата биле и полицајци од Охрид. Има таков случај. Инаку, ваков Центар во Србија и во другите земји од Балканот постои подолго време. На пример во Србија најголемиот број случаи се однесуваат на тортура на лицата во бегалските кампови, вели Петреска. Објансува дека за разлика пред некоја деценија, последниве години, поради обуките и во самите институции, има по 10-ина случаи на тортура годишно во градовите. Што е намлено од порано, но секоа акција против тортурата 4е за поздравување.
Кристина Павлоски, психолог во Центарот за рехабилитација на жртви од тортура вели дека психолошкото насилство е подолготрајно од физичкото, но тешко докажливо.
-Физичката тортура е видлива, но редовно остава психички последици. Физичките „модрици“ редовно создаваат психолошки последици кои траат и 20 години. Во последно време како последица на психичката тортура е дефиниран Посттрауматскиот синдром, кој до неодамна не се сметаше за последица на психолошка тортура, туку само како последица на стрес. Сега е јасно дека може да се појави и по тортурата. Во случаите со кои работевме овие месеци, беа спроведени директни средби со жртвите и со нивното семјество. Зашто, нефункционалноста на жртвата и психолошките симптоми имаат влијание и врз самото семејство. Се работеше, и ќе се ртаботи и со семејствата на жртвите на тортура за подобрување на нивната состојба. Битно е медицинскиот персонал кај кој прво се појавува жртвата, да има сензибилност да го препознае психичкото насилство и соодветно да реагира. Затоа ние имаме и медицинска и психијатриска помош на жртвите, објаснува Павлоски.
Се работи со случаи во двата транзитни центри за беглаци во земјава.
-Работиме и со луѓето во транзитните центри. Ние немаме бегалски кампови, но бегалците поминуваат низ двата транзинтни центри – едниот е Винојуг, другиот е кај Куманово, на Табановце. Луѓето таму поминуваат и заминуваат. За оние кои сме ги сретнале, може да обезбедиме само прва психолошка помош, утврдување на состојбата и давање совети како да ги надминат стравовите и да се соочат со ситуацијата во која се. Можеби тука не „добиваат“ тортура, но поминале долг пат низ кој, можеби, биле жртви на тортура. Во секој случај, имаат потреба да бидат слушнати, разбрани и да добијат впечаток дека некој, сепак, се грижи за нивната состојба, вели Павлоски.
Првиот Центар за рехабилитација на жртвите од тортура заживеа со конкретни резултати. Ќе функционира и по завршувањето на проектот финансиран од ЕУ, догодина. Велат, имаат поддршка од затворските установи, од Министерството за труд и социјална политика, од судовите кои донесуваат пресуда. Битно е да се остваруваат човековите права, нагласуваат од првиот Центар за рехабилитација на жртвите од тортура.
Ново на Сител
-
Бизнис секторот оценува дека 2025 ќе биде успешна година за македонското стопанство
-
Во 2024-та во Штип купени 270 станови, некои и по цена за 1380 евра за м2
-
Преглед на вестите од светот
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси