Продолжува петицијата против цинкара во Кавадарци, Советот на градот закажа вонредна седница
Продолжува петицијата против цинкара во Кавадарци, Советот на градот закажа вонредна седница за во вторник. Единствена точка на дневниот ред е разгледување на барањето од Министерството за животна средина и просторно планирање за изведување на проект “Нови линии за проширување на асортиманот на производи и линии за нови производи во општина Кавадарци”, согласно интересот на кавадаречки инвеститор.
– Ја покренавме оваа петиција против цинкара која се планира многу близу до градот. Се плашиме за сопственото здравје. Поддршка ни дадоа претставниците на двете најголеми политички партии преку одделни прес-конференции, а меѓу потпишаните на нашата петиција се и советници од Советот. Доколку не се стопира оваа работа, ќе преземеме и други мерки, рече за МИА Роберто Паризов, претседател на еколошкото друштво “Еко-живот”.
Кавадарчанецот Горан Сами вели дека на Кавадарци не му е потребна уште една загадувачка индустрија, бидејќи градот е на врвот по загадување во државата.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори