Македонија
4. February 2025 - 10:58

Приведено лице од кочанско за предизвикување пожар

На 04.02.2025 во 01.40 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода Г.Г.(64) од с.Жиганци, општина Чешиново – Облешево.

Тој се сомничи дека околу 23.45 часот предизвикал пожар во нива на стариот пат Штип - Кочани во близина на село Кучичино, општина Чешиново – Облешево.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани,а повредени лица нема. Лицето било задржано во Полициската станица Кочани и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријва по член 288 од Кривичниот законик.